ЗА СОРМ

Сојуз на организации на работодавачи на Македонија е самостојна, стручна непрофитна, непартиска организација, основана од работодавачи и организации на работодавачи.

Сојузот ги подржува и застапува правата и интересите на работодавачите, преку залагање за економски развој на членовите, лобира и ги застапува пред релевантните институции и социјалните партнери и поттикнува  социјален дијалог, но делува и во насока на вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економскиот развој во Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите.

Мисија на сојузот е: Да бидеме лидер во поттикнување на развојот на поволна бизнис и работна средина, преку претставување и обезбедување на услуги со кои ќе се зајакне позицијата на работодавачите и организациите на работодавачи.

Визија на сојузот е: Да останеме лидер меѓу организациите на работодавачи во регионот, со континуирано обезбедување на услуги за членовите да им асистираме во постигнување на глобална конкурентност.

Основните цели, задачи и функции на Сојузот се:

-развој на социјалниот дијалог во земјата и колективното преговарање;

- анализа на проблемите и усогласување на решенијата од заеднички интерес на делување на работодавачите

-застапување на интересите на работодавачите и организациите на работодавачи во социјалното партнерство;

-развој и остварување на правата и слободите на работодавачите;

-заштита на правата и интересите на членовите;

-застапување на интересите на работодавачите во системот на социјалното партнерство;

-давање стручна помош на работодавачите;

-подготвување на стручни анализи од економска проблематика, особено при утврдувањето на најниската плата, цената на работната сила на ниво на стопанството и на ниво на гранките, динамиката на платите, тенденциите на вработувањето и пазарот на работната сила;

-на професионална основа дефинирање и промоција на интересите на работодавачите низ координација и соработка со социјалните партнери (Владата и Синдикатите);

-колективно договарање и склучување на колективните договори, како и следење на спроведувањето на колективните договори;

-професионално давање советодавни услуги во доменот на колективното договарање, учеството на работниците во менаџментот и други прашања во врска со работното законодавство;

-организирање на тренинг обука на менаџментот, преку организирање на советувања, семинари и други форми; 

-издавање на публикации;

-соработување и членување во меѓународни организации на трудот и на работодавачите и

-други активности поврзани со барањата на членовите.

Во остварувањето на целите и задачите на Сојузот соработува со сите релевантни организации, асоцијации, министерства, владини агенции и други институции.