ЛОБИРАЊЕ

Сојуз на организации на работодавачи на Македонија континуирано делува во насока на застапување на компаниите членови преку артикулирање, процесирање и претставување на интересите и проблемите на членовите пред надлежните институции.

Лобирање и успешно претставување на потребите на бизнис заедницата  е една од основните стратешки определби на сојузот и тоа го остваруваме преку учествување во подготвка и давање на сугестии за предлог закони, предлог мерки за унапредување на деловната клима, воспоставена е редовна комуникација со Владата која со поставената динамика на комуникација го гарантира исполнувањето на нашата намера институционално да ги разрешиме секторските проблеми на нашите членови.